Проблем за Брера, се повреди Нахуел

Новиот лев бек на Брера, Франко Нахуел доживеа повреда и ќе отсуствува извесно време од струмичкиот тим. Ова го потврдија од тимот на Брера, од каде напоменуваат дека Нахуел се повреди на дуелот со Верес.

Нахуел има повреда на зглобот, по што ќе мора да оди на принудна пауза. Не е познати дали Аргентинецот ќе успее навреме да се рехабилитира за почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Левиот бек деновиве треба да се врати во Струмица каде што ќе го почне рехабилитациониот процес, со цел побрзо да се стави на располагање на тимот.

Се вчитува...