Шкупи загуби од Карвина на пријателскиот меч одигран во Ангалија. Единствениот гол беше постигнат во 80. минута со удар од белата точка.
Шкупи во првиот дел пропуштил неколку можности за водство преку Додев и Ибиши, но најпрво голманот одбрани, а потоа дефанзивците расчистувале од гол линијата.
Во вториот дел тренерот Жижовиќ им даде шанса на играчите од клупата. Следниот натпревар на Шкупи во Анталија е против Рух Хорзов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

