Видерер: Судиите погрешија, требаше да ја прегледаат снимката

Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, зборуваше за ситуацијата во финишот на средбата Франција – Шведска, кога Французиите погодија од слободен удар од 12 метри. Судии на тој меч беа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои го признаа голот, без да го консултираат ВАР.

И покрај тоа што Дисциплинската комисија денеска претходно кажа дека не било задолжително судиите да се консултираат со ВАР, претседателот Видеред го кажа спротивното.

„Очигледно дека е во прашање лична грешка. ВАР постои за да ги избегнеме ваквите пропусти. Не криеме дека имавме три големи грешки во текот на турнирот. Играта е се побрза и побрза, играчите се подобри технички, а со тоа и работата на судиите е се потешка, но не сакам да го намалам значењето на судиските грешки на ова ЕП. Генерално гледано три грешки во 65 меча не е многу, но и една грешка е премногу особено во одлучувачки моменти. Критиките се на место. Многу се зборува дали голот на Пранди е регуларен или не. По правилата на ракометот, голот не е регуларен, и тоа е судиски пропусти што не ја гледаа снимката“, рече Видерер.

Се вчитува...