Kошаркарите на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром направија голем чекор кон плеј-офот во АБА лигата откако вечерва во балонот во Нови Сад славеа против Шибенка со 93-77
Избраниците на Васко Атанасов одлично го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од пет поени (25-20). Аеродромци одиграа фуриозна втора четвртина во нападот во која постигнаа дури 30 поени, а на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со убедливи 55-37. Откако во третиот период оваа предност ја зголемуваа, а отидоа и на плус дваесет во еден момент, на стартот на последната четвртина следеше мал пад.
За пет минути игра „штрковите“ постигнаа само два поени, а Шибенка успеа да стигне до минус 13 (81-68). Сепак, македонскиот шампион се консолидираше и на крајот успеа да стигне до шестата победа сезонава во АБА 2 (93-77). Харис Делалиќ со 16 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените по 18 постигнаа Лукиќ и Форман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

