Натпреварот од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига, сепак, ќе се игра во првично одредениот термин, во недела (03. март) со почеток од 14 часот.
Претходно, имаше најави дека натпреварот ќе се игра ден порано во сабота на 2. март, но по барање на Шкендија, Фудбалската федерацијата на Македонија одлучи дуелот да се игра согласно првичниот распоред.
„Оваа одлука ги исполнува желбите на нашите навивачи, обезбедувајќи им целосна можност да го поддржат тимот на овој важен натпревар. И благодариме на Фудбалската федерација на Македонија за соработката и за позитивниот договор на нашето барање. Заштитата на интересите и уживањето на поддршката од нашите навивачи останува приоритет за нас, и среќни сме што го постигнавме овој договор за да обезбедиме најдобро можно искуство за сите оние кои навиваат за Шкендија“ – се вели во соопштението од Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

