Брегалница во недела во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига гостува на Работнички во Скопје, во повеќе од значаен натпревар за „сините“ во битката за одлепување од последните позиции на табелата.
Засилувањето во зимскиот рок, Ване Јованов верува дека и покрај претходниот пораз од Вардар, екипата е подготвен да го даде максимумот на новото гостување во Скопје во желба за позитивен резултат.
„Јас, верувам и секој друг играч, давам и ќе давам максимум од себе да прикажам добра игра и да придонесам за подобар резултат. Не сме на местото на табелата кое го заслужуваме. Тренираме напорно, се подготвуваме максимално за секој нареден меч, верувам во овој тим, верувам во стручниот штаб, дека на крајот на сезоната ќе бидеме вон опасната зона и ќе избориме опстанок“ – вели Јованов.
Во недела ќе биде пресметка на тимови кај кои не „цветаат рози“ сезонава…
„Според мене, во недела го играме натпреварот на сезоната! Очекувам сите до еден да дадеме се од себе, да дојдеме до тој посакуван позитивен резултат, конечно од гостување да се вратиме со кренати глави и да ги израдуваме нашите верни фанови“ – вели Јованов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

