Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров во недела од 14 часот на домашен терен ќе ја пречекаат Воска во можеби клучниот натпревар за нив сезонава во Првата македонска фудбалска лига.
Еден од најискусните во таборот на „лавовите“, Ѓорѓи Стоилов вели дека овој меч е еден од поважните во неговата кариера.
„Натпреварот со ФК Воска Спорт е еден од поважните натпревари во мојата кариера, ако освојување на било каква титула е круна на трудот на еден фудблаер, така и последното место во лигата е дното кое може да го осети еден фудблер. Ќе го дадеме максимумот сите заедно во недела, и ќе пробаме да се извлечеме од оваа позиција каде што сме“, изјави Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

