ФОТО/ ВИДЕО: Спектакуларен гол со ножички на Гандо Биала за водство на Работнички на арената „Тодор Проески“!

Работнички се врати на арената „Тодор Проески“ по комплетирањето на теренот на нашиот најголем стадион, и сето тоа го круниса со предност на полувремето против Брегалница во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ водат со 1-0 по првите 45 минути, благодарение на спектакуларниот гол со ножички на Гандо Биала во втората минута од судиското продолжение.

Биала одлично прифати една топка по нафрлањето од слободен удар од десната страна, и со ножички го совлада поранешниот голман токму на Работнички, Ристе Јанков…

Се вчитува...