Шкупи и Струга ТЛ „без муниција“…, Гостивар и нанесе прв пролетен пораз на Брера, Захариевски со прва победа на клупата на Воска (ВИДЕО)

Шкупи и Струга ТЛ ја продолжуваат неизвесната трка за шампионската титула сезонава, заедно со Шкендија, откако ремизираа без голови на денешните свои натпревари во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкупи одигра натпревар без голови со Тиквеш на домашен терен, а Струга ТЛ ремизираше на гостувањето против Кратово со Силекс.

Стружани на натпреварот во Кратово во 37. минута не реализираа пенал преку Згуро. Божновски одлично го одбрани неговиот удар од 11 метри.

Сето тоа го искористи Шкендија која со убедливата победа над Вардар од 3-0 се израмни бодовно со стружани, на само бод од водечкиот Шкупи.

На денешните шест натпревари од 21. коло голови единствено има уште на дуелот во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП поведе против Воска спорт со 1-0 со голот на Самир Фазли од 28. минута.

Но гостите израмнија на 1-1 со голот на Стијеповиќ во 45. минута.

И покрај негативата на стартот од натпреварот, екипата на Воска Спорт дојде до целосен пресврт од 1-2 со голот на Марушиќ во 66. минута и лошата интервенција на домашниот голман… Сето тоа за прва победа на Срѓан Захариевски на клупата на Воска спорт.

Работнички, пак, триумфираше со 2-0 против Брегалница на арената „Тодор Проески“. Спектакуларен гол со ножички постигна Гандо Биала во 45. минута.

Во второто полувреме, Содик во 79. минута погоди со глава по корнерот од левата страна за 2-0.

Гостивар, пак, победи со идентични 2-0 против АП Брера. Гостиварци пред своите навивачи поведоа по убавата акција во 67. минута која со гол ја круниса Алпер Потук.

Потоа, по грешка на гостинската одбрана Тахакара во 81. минута заокружи на 2-0.

На дуелот во Тетово, Шкендија најпрво преку капитенот  Енур Тотре во 24. минута не успеа да реализира пенал, откако од белата точка шутираше само во гредата од голот на Гачевски. Претходно, оправдано беше досуден пенал за Шкендија по играта со рака во својот шеснаесетник на дефанзивецот на „вардарци“, Ненад Мишковски.

Но, тоа што не му успеа на Тотре, го поправи Чинари кој постигна два убави гола за водство од 2-0 на Шкендија.

Најпрво во 36. минута круниса со гол една убава акција на својот тим…

А, потоа во 40. минута постигна евро-гол со шут од 20 метри за водство и од 2-0.

Во второто полувреме, во 54. минута Дита заокружи со нов гол, а на асистенција на Чинари, за конечни 3-0.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3-0
Чинари 36′, 40′, Дита 54′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Гандо Биала 45′, Содик 79′
Гостивар: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-0
Потук 67′, Тахакара 81′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 1-2
Фазли 28′ – Стијеповиќ 45′, Марушиќ 66′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-0
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-0

Се вчитува...