Алексовски: Ја победивме Брегалница, ајде сега и Вардар

Во таборот на Работнички владее задоволство откако во минатото коло беше совладана Брегалница, прв триумф за „романтичарите“ во продолжението од прволигашката сезона.

„Црвено-белите“ со тоа не само што побегнаа од опасната зона, туку сега се на само два бода од четвртопласираниот Тиквеш, мотив плус за нов триумф веќе на наредниот натпревар што Работнички го игра утре против Вардар.

„Утре нѐочекува уште еден тежок првенствен натпревар, градското дерби против Вардар. По триумфот над Брегалница, би сакале да продолжиме во ист стил и на следниот меч. Го респектираме максимално Вардар, противникот е значително засилен во однос на првиот дел од сезоната, но ние сме подготвени за надигрување. Се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до нов успех“, изјави голманот Алексовски во пресрет на градското дерби.

Се вчитува...