Тажна вест доаѓа од Струмица. На 53-годишна возраст, почина тренерот Ацо Стојанов, кој беше дел од струмичките екипи како тренер на младинските школи, а потоа и во сениорите, а работеше и други функции во Беласица.
Стојанов во минатото беше тренер на Беласица, а беше дел и од Хоризонт Турново. Освен како тренер, во Беласица ја имаше улогата и на спортски директор и координатор.
За оние кои го познаваат Стојанов, велат дека бил голем и добар човек, секогаш подготвен да дебатира и да даде се од себе за доброто на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

