ВИДЕО: Неславен почеток на Грнчаров на клупата на Македонија ЃП: Струга ТЛ по само 20 минути води со 2-0!

Македонија ЃП и под водство на новиот тренер Бобан Грнчаров не успева долго да парира на противниците пролетва во македонскиот шампионат.

По само 20 минути игра во Струга во 22. коло од ПМФЛ, шампионот Струга ТЛ дојде до предност од 2-0 против „лавовите“.

Најпрво во 13. минута по убавата акција по десната страна, капитенот Буњамин Шабани носи предност од 1-0 за Струга ТЛ.

А, веќе во 21. минута и Марјан Радески убаво се снајде во гостинскиот шеснаесетник за водство и од 2-0.

Се вчитува...