ВИДЕО: Гол „ала Шаќири“ – Глишиќ директно од корнер го „здрма“ Работнички!

Вардар има предност од 1-0 против Работнички во градската пресметка од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига.

И тоа „црвено-црните“ на мајсторски начин дојдоа до предност со голот директно од корнер на Дарко Глишиќ во 56. минута од натпреварот.

Глишиќ „ала Шаќири“ директно од корнер од десната страна успеа да го совлада репрезентативниот голман Алексовски кој очигледно беше попречен на линијата од своите соиграчи…

Се вчитува...