Скопје е „црвено-црно“: Голема победа на Вардар…, Струга ТЛ е нов лидер по „киксевите“ на Шкендија и Шкупи (ВИДЕО)

Вардар забележа повеќе од значајна победа за бегство од последните две позиции на табелата во Првата македонска фудбалска лига триумфирајќи во 22. коло во скопската пресметка против Работнички со 1-0.

Струга ТЛ, пак, повторно се издвои на врвот од табелата пред Шкупи и Шкендија, откако ги искористи ремијата без голови на поранешните шампиони на гостувањата против Брегалница односно АП Брера.

Шкупи можеше да дојде и до победа во Штип но во првото полувремето Ристе Јанков во 28.минута успеа да му одбрани удар од белата точка на Арби Воша.

Херој во победата на Вардар е левокрилниот дефанзивец Дарко Глишиќ кој во 51. минута директно од корнер го изненади Алексовски што беше доволно за триумф од 1-0.

Воска Спорт, пак, ремизираше 1-1 со Гостивар. Охриѓани до предност дојдоа по извонредната акција која објективно ретко се гледа на македонските терени. Феноменално двојно проигрување на Јусуфи и Марушиќ, извонредно го завршува Јусуфи за водство на Воска спорт од 1-0…

Но, Гостивар дојде до бод благодарение на младиот талентиран Мухамед Елмас кој во 84. минута одлично погоди со шут од 15 метри за конечни 1-1.

Македонија ЃП и под водство на новиот тренер Бобан Грнчаров не успеа да дојде до бодови пролетва.

Шампионот Струга ТЛ славеше со 2-1 против „лавовите“. Најпрво во 13. минута по убавата акција по десната страна, капитенот Буњамин Шабани носи предност од 1-0 за Струга ТЛ.

Потоа, во 21. минута Марјан Радески погоди за 2-0, а гостите преку Алији во 49. минута кој постигна одличен гол успеаја само да намалат за конечни 2-1.

Тиквеш триумфираше со 1-0 против Силекс со голот на Бразилецот Робертињо Нето уште во 20. минута од средбата.

РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО
Турново: АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 0-0
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-0
Глишиќ 56′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 1-1
Јусуфи 24′ – Елмас 84′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-0
Нето 20′
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
Шабани 13′, Радески 21′ – Алији 49′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0-0

Се вчитува...