Шкупи назначи нов директор

Екипата на Шкупи назначи нов директор. Станува збор за Флорин Муча, кој денеска и официјално е дел од раководството на чаирскиот клуб. Тој доаѓа на местото на Дамир Ибриќ, кој си замина од Шкупи на крајот на минатата година.

Шкупи оваа сезона има за цел да ја врати титулата на Чаир, и засега е во битка со Струга ТЛ и со Шкендија. Во моментов Шкупи е на второто место со три бода заостанување зад актуелниот првак Струга ТЛ.

Чаирскиот тим сезонава претрпе доста измени во играчкиот кадар, а исто така го смени и тренерот. Дојде Младен Жижовиќ, кој го препороди Шкупи и до крај ќе се бори за освојување на шампионскиот пехар.

Се вчитува...