Сенев: Секој мој фудбалер мора да го остави последниот атом сила на мечот против Шкупи

Штипска Брегалница ја чека тешка борба за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Откако поради слабите резултати спогодбено беше раскинат договорот со Горан Здравков, клубот го презеде искусниот Трајче Сенев.

Сенев своjoт прв меч сезонава со Брегалница ќе го има утре на мечот против Шкупи. Тој пред натпреварот вели дека секој негов фудбалер на утрешниот натпревар ќе мора да даде последен атом од силата.

„Очекувам максимално залагање од целата екипа, секој играч да го остави последниот атом од силите на теренот во недела. Работевме одлично последните неколку дена, играчите ги одработија тренинзите според инструкциите. Бодовите ни се преку потребни, во недела, максимално мотивирани, одиме да се надигруваме со Шкупи и одиме на победа“, изјави новиот тренер на ФК Брегалница Трајче Сенев.

Се вчитува...