Силекс и Гостивар oдиграа без голови 0-0 во премиерниот меч од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига. Во првото полувреме и двата тима повеќе мислеа на својот, отколку на противничкиот гол, па сето тоа доведе до полувреме без погодоци.
Во вториот дел гостите имаа неколку убави шанси, но феноменален на голот беше Божиновски кој успеа да ги спречи сите налети на противникот. Во 88. минута Билали стартуваше пред шеснаесетникот врз Ѓоргиевски, па главниот судија на мечот Младеновски се одлучи да му додели директен црвен картон. Од слободниот удар одлично биеше Милосављевиќ, но не успеа да го загрози голот на Ерсу.
ПРВА ЛИГА – 26. КОЛО
ДЕНЕСКА:
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0
УТРЕ (15 ЧАС)
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА