Екипата на Работнички е драстично оштетена на гостувањето во Охрид против Воска Спорт во рамки од 26. коло во ПМФЛ.
Во 72. минута Атдхе Мазари со глава го совлада голманот Захов, меѓутоа голот не беше признат, иако топката ја мина гол линијата.
Низ фотографијата, а и низ видеото јасно се гледа дека тука топката со целиот обем ја мина гол линијата, и нејасно е како ова не беше водство за Работнички. Дуелот беше важен за двата тима во битката за опстанокот, а се чини со три бода „романтичарите“ ќе беа со една нога останати во прволигашката конкуренција.
Погледнете ја ситуацијата низ видео:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА