Серијата од 11 натпревари без пораз на лидерот на табелата во македонското прволигашко фудбалско натпреварување, Струга ТЛ заврши на гостувањето кај Вардар во кое со голот на Џуриќ во 73. минута „црвено-црните“ се радуваа на огромни три бода.
Тренерот на стружани, Шпетим Дуро не го криеше разочарувањето од крајот на серијата на освоени бодови, а причината за поразот го најде во промашените обиди во првото полувреме.
„Жал ми е што загубивме по 11 натпревари без пораз и ставивме крај на една позитивна серија за нашиот тим поради која сме таму каде што сме. Одигравме добро во првото полувреме во кое имавме повеќе шанси за гол, но за жал не ги искористивме. Второто полувреме не беше во наша полза. Откако примивме гол, немаше ефективна игра и поради тоа не можевме да направиме повеќе. Жалам за овој неочекуван пораз, но ова е фудбал, мора да гледаме напред“, изјави Дуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА