Ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер што се одигра синоќа во „Јане Сандански“ не мина без инциденти. Битолчани по мечот се пожалија дека нивни приврзаници иако без никакви клупски обележја биле нападнати од страна на домашните фанови, а попладнево со соопштение се јави и Министерството за внатрешни работи.
Според извештајот на МВР, во текот на мечот е привеен 30-годишен Словенец кој се пресметувал со други лица за време на ракометното дерби.
„На 09.04.2024 во 18.20 часот во Спортскиот центар ‘Јане Сандански’ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и РК Пелистер, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.Т.(30) од Р.Словенија поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во соопштението на МВР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА