Васил Рингов ќе промовира нов спорт во Македонија – фудбал со одење, ШУТБАЛ!

Викендов во Македонија ќе се одржи првиот турнир во шутбал што ќе претставува, всушност, промоција на нов вид спорт во Македонија.

Шутбал е нов вид спорт, варијанта на фудбал којшто во светски рамки е познат како Walking Football. Во шутбал забрането е трчање, се игра со одење и според специфични правила кои ќе ви бидат објаснети на самиот настан каде првиот удар на натпреварот ќе биде изведен од легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов.

Турнирот ќе се одржи утре (13. април) на спортските терени во комплексот на хотел Александар Палас хотел со почеток од 10 часот. Турнирот во шутбал е во организација на Здружението Пулс виталис, а под покровителство на Жан Митрев Клиник.

Се вчитува...