Работнички и Вардар денеска од 15 часот во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига во секогаш возбудлива градска пресметка, овој пат зачинета со повеќе од значајна битка за опстанок.
Некогаш мегданите на двата тима беа во битка за шампионската круна, сезонава соседите со единствена желба за останување во елитното македонско фудбалско друштво.
Во таборот на Работнички се желни за крај на кризниот период без победа, иако се свесни дека ќе имаат повеќе од тешка задача против силно мотивираниот Вардар.
„Знаеме дека против Вардар секогаш е тежок натпревар. За нас секој бод е екстремно важен. Веруваме во својот квалитет и се надевам дека ќе ги освоиме трите бода. Се надевам дека публиката ќе ужива во добар фудбал а ние ќе се радуваме на победата“ – вели дефанзивецот на Работнички, Егзон Белица.
Поранешниот фудбалер на Работнички, а сега незаменлив во редовите на Вардар, српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ, пак, верува дека црвено-црните се способни за трите бода.
„Секогаш е убаво да се игра на Градски, па тоа е домот на Вардар. Нашите навивачи Комити се нашиот 12-ти играч. Им се заблагодарувам на се она што го прават за нас, за клубот. Се надевам дека пред полни трибини со победа ќе им се одолжиме – со победа“ – вели Ѓуриќ.
ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ВЧЕРА
Турново: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Ѓорѓиевски 90’+2
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Дуду 4′, Трапановски 53′, Илиевски 85′ – Илиевски 61′
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
Алпер Потук 5′, Кехинде 77′ – Вареловски 69′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА