Ракометарите на Нант втора сезона по ред се освојувачи на Купот на Франција во ракомет, откако во финалето му нанесоа катастрофален пораз од 31-23 на ПСЖ.
Иако ПСЖ беше фаворит на хартија, сепак, Нанат уште по првиот дел се стекна со добра предност (19-13) благодарение на одличната одбрана, а работите станаа јасни во вториот дел кога ПСЖ во првите 15 минути даде само три гола.
Во еден миг Нант имаше предност и од 13 разлика. За Нант ова беше трет трофеј во Купот на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

