Ракометарите на Фуксе Берлин и Кил одиграа без победник 32-32 во дербито на 29. коло во германската Бундес-лига. Домаќините одлично го стартуваа натпреварот и брзо стигнаа до позитива од четири гола (6-2).
Како одминуваше првото полувреме гостите заиграа се подобро, па на пауза успеаја да заминат во егал 18-18. Во вториот дел повторно домаќинот прв се одлепи, но сепак Кил некако на крајот успеа да стигне до бод (32-32).
Со овој еден изгубен бод Фуксе полека, но сигурно ја губи битката со Магдебург за титулата, бидејќи во овој момент има исто бодови колку големиот ривал, но и натпревар повеќе. Гидсел со 12 гола беше најдобар во домашниот табор, додека кај гостите Екберг заврши со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА