И повторно старата болка кога е во прашање македонскиот фудбал. Еден посилен дожд прави проблеми на скоро сите терени во Македонија. Натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Шкупи, кој може да биде многу значен во битката за титулата во македонскиот шампионат, на се личи освен на фудбалски меч.
Двата тима играат во катастрофални услови. Дождот го накваси теренот, па овој меч повеќе личи на ватерполо отколку на фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА