Екипата на Воска Спорт води против Вардар од 32. минута од средбата, со голот на Милош Аќимовиќ. По една акција по левата страна, топка до Ачимовиќ покрај заспаната одбрана на „црвено-црните“, при што Аќимовиќ од прва ја смести топката во мрежата.
За потсетување дека Вардар игра без Лемос, кој во 17. минута од средбата се повреди, и мораше да го напушти теренот. Една шанса претходно имаше Омерагиќ, но не успеа да постигне гол. По постигнатиот гол, Воска одлично ја контролираше играта, ги запира сите налети на Вардар кои како да беа во „шок“ по примениот гол. Меѓутоа имаа голема шанса во финишот преку Омерагиќ, но неговиот удар одчично го одбрани Захов.
Во Ѓорче Петров има гол, и тоа преку Ибраими кој упати вистински „проектил“ во мрежата на Стевковски, за водство на Струга ТЛ.
Во Кавадарци после водството на Тиквеш преку Спахиу, Шкендија успеа да израмни со гол на Тотре.
Нема голови во Гостивар, каде што домашниот тим игра против АП Брера, и во Кратово, каде на тешкиот терен, Силекс игра против Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА