После одигрувањето на денешното 28. коло, некои работи во ПФМЛ станаа јасни. Шкендија си ги намали шансите за титулата, Струга ТЛ е пред нова шампионска промоција, а Воска е пред обезбедување на директен опстанок, оставајќи го Вардар, заедно со Брегалница и Македонија ЃП да води битка за место во баражот.
Дербито за опстанок и најинтересниот натпревар во оваколо заврши со победа на Воска Спорт на тешкиот терен во Маџари го совлада Вардар. Со тоа тимот од Охрид направи голем чекор кон директниот опстанок, оставајќи ги „црвено-црните“ да стравуваат до последното коло за нов прволигашки статус.
Еден од хероите на Воска Спорт е стрелецот Милош Аќимовиќ кој во првиот дел му донесе предност, и гол за победа на Воска Спорт, но скриен херој е и голманот Захов кој ги доби сите дуели против Азер Омерагиќ, и не дозволи Вардар да го израмни резултатот. За Вардар следува пеколна битка за опстанок, додека на Воска му се потребни уште бодови за да не стравува во самиот крај.
Струга ТЛ направи огромен чекор кон одбрана на шампионската титула со победата над Македонија ЃП, особено по „киксот“ на нивниот ривал Шкендија кој беше поразен во Кавадарци. Бесарт Ибраими со „проектил“ во 24. минута ја донесе победата. Во вториот дел, гостите беа поблиску до втор гол, отколку што „лавовите“ беа до израмнување, но на крајот само минимална, но злато вредна победа на избраниците на Шпетим Дуро во борбата за пехарот.
Шампионските амбиции на Шкендија „згаснаа“ во Кавадарци. Тиквеш слави голема победа над тетовскиот тим, и практично го „отпиша“ од битката за титулата. Тиквеш поведе многу рано, во 3. минута со гол на Спахиу, но во 24. минута Тотре донесе израмнување. Сепак, во вториот дел по еден изведен корнер и невнимание на одбраната на гостите, Малески постигна гол вреден три бода за кавадарчани.
Гостивар и Брера одиграа нерешено 1-1. Двата гола паднаа во вториот дел, најпрво Кехинде му донесе предност на домашниот тим во 58. минута, но во 90. минута струмичани израмнија.
Вчера тимот на Работнички славеше на гостувањето во Штип над Брегалница со 0-1 и направи голем чекор во битката за опстанокот.
Во Кратово на очајниот терен Силекс и Шкупи одиграа без голови 0-0.
ПМФЛ, 28. КОЛО
ВАРДАР – ВОСКА 0-1 (Аќимовиќ 32′)
ГОСТИВАР – АП БРЕРА 1-1
(Кехинде 58′ – Трајков 90′)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0-1 (Ибраими 24′)
СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 2-1 (Спахиу 3′, Малески 62′ – Тотре 23′)
ВЧЕРА:
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1 (Гандо 59′)
ТАБЕЛА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА