Поранешниот тренер на тетовска Шкендија, Ернест Ѓока ќе биде нов тренер на Шкупи во обидот да го донесе тимот до шампионската титула сезонава.
Како што пренесува албанскиот портал „Спортманиа“, 54-годишниот Ѓока се очекува во текот на денот да биде промовиран како нов тренер на Шкупи, по разделбата со Жижовиќ кој не издржа на клупата на чаирчани по елиминацијата во Купот на Македонија од Тиквеш и гостинското реми со Силекс.
Албанскиот стратег Ѓока претходно во својата кариера беше и тренер на албанските суперлигаши Кукс, Влазнија и Фљамуртари, а последниот негов ангажман беше во тимот на Оход во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА