АП Брера и Вардар утре од 16 часот во Турново во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига ги очекува сигурно еден од клучните натпревари во битката за опстанок во двата тима.
Стратегот на Брера, Бојан Круљ верува дека ќе биде интересен натпревар, но неговот тим со подисциплинирана игра ќе успее да дојде до победата која би значела сигурен чекор напред кон опстанокот.
„Играме против еден од најголемите клубови во историјата на Македонија и сигурно имаме силен мотив за надигрување, посебно што и на двете екипи бодовите ни се повеќе од важни. Она што ми е драго што може да сметаме на целиот ростер на екипата, и верувам дека можеме до три бода кои ни се важни за опстанокот. Неопходно е да ги сведиме грешките на минимум и да бидеме во офанзивниот дел опасни по противникот“ – вели Круљ, притоа дополнувајќи:
„Очекуваме доаѓање и на гостински навивачи, па сигурно ќе има вистински фудбалски амбиент. Очекувам добар спектакл и секако три бода за нас“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА