Шкендија извојува повеќе од значајна победа на гостувањето против Шкупи на Чаир во битката за трофејот во македонскиот шампионат.
Сето тоа на задоволство и на шефот на стручниот штаб на тетовци, Јетон Беќири кој вели дека, сепак, се уште ништо не е готово и треба до крај да се одигра на победи…
„Дојдовме до тешка победа против ривал кој го нарекуваме „тешка категорија“. Нормално, тоа многу влијае на самодовербата на тимот. Мислам дека ништо не е готово, ни претстојат уште два многу важни натпревари и мораме да бидеме приземни да ги следиме натпреварите еден по друг. Само кога ќе бидеме и математички сигурни, тогаш ќе можеме да зборуваме за постигнување на целта. Имаме уште работа, не очекуваат два многу важни натпревари и на крајот мораме да бидеме внимателни бидејќи имаме изедначени бодови со екипа која е шампион на Македонија. Победата е посветена на јавноста на Шкендија и особено на „Балистите“ кои цело време не поддржуваа, ни помагаа и кога бевме во лоши ситуации. Затоа победата ја посветувам исклучиво на навивачите на Шкендија и фантастичната група „Балисти““ – вели Беќири, кој е восхитен и од однесувањето на навивачите на Шкупи кои на крајот од мечот со аплаузи ја испратија победата на Шкендија.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Шкупи за тој извонреден гест на крајот од мечот и во текот на целиот натпревар коректно навиваа. За ова сакам од се срце да им се заблагодарам и се надевам дека на ист начин ќе им се оддолжиме и следната сезона во Тетово. Само така се развиваат братските односи, како што навистина им доликува на двата големи клуба. Благодарност и до претседателот наШкупи, кој по мечот дојде и ни честиташе за победата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА