ГОЛ НА ПОСЛЕДНОТО КОЛО: „Бомбата“ на Манасиевски во Штип!

Силекс ремизираше 1-1 на гостувањето против Брегалница во Штип во последното коло од Првата македонска фудбалска лига.

Откако домашните поведоа со голот на Стојчевски уште во 2. минута, Силекс израмни во финишот на натпреварот.

А, мечот дефинитивно го одбележа токму израмнувачкиот гол на нововлезениот Давид Манасиевски кој во 83. минута испрати вистинска „бомба“ од 30 метри кон голот на Брегалница за конечни 1-1.

Се вчитува...