Договорот на Матеј Цветаноски истече и тој повеќе не е играч на македонскиот фудбалски прволигаш, АП Брера. 26 годишниот Матеј Цветаноски во иднина нема да го носи дресот на струмичкиот клуб откако актуелниот договор истече.
Изминатата првенствена сезона Цветановски четири пати ги тресеше противничките мрежи, а уште толку пати беше асистент во вкупно 25 првнествени натпревари од Првата фудбалска лига на Македонија.
„Матеј благодариме и многу голови и во иднина“, порачаа од АП Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА