Италијанската ТВ презентерка која е добро позната во светот на фудбалот, Дилета Леота во интервју за германскиот медиум „Ф Магазин“ отворено говореше за потешкотиите и навредите со кои секојдневно се соочува вршејќи ја својата задача.
Триесетидвегодишната презентерка која најчесто работи на каналите поврзани со италијанскиот фудбал откри дека најголем дел од навредливите коментари кои ги добива се од понежниот пол притоа додавајќи дека тешко и се соочува со нив.
„Најлошата работа која ја слушнав беше: „Тука си само поради ци**ите“. Имав само 20 години кога започнав да работам и навредите тешко ги прифаќав. Секое попладне заплакував дома. Но, тоа ме направи посилна. Завршив и правен факултет за некој повеќе да не смее да ми каже такво нешто“, откри меѓудругото Леота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА