Вардар вторпат едноподруго за Прва лига, Детонит Плачковица првпат за историја!

Вардар и Детонит Плачковица денеска од 17 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица во бараж пресметката која ќе го даде името на последниот партиципиент во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона.

Сосема е јасно дека Вардар ја носи огромната фаворитска улога. Вторпат едноподруго „вардарци“ ќе го обезбедуваат за себе прволигашкиот статус, овој пат по една навистина турбулентна сезона во која во голем дел изгледаше и невозможен опстанокот за „црвено-црните“. Но, на крај се собраа сили за бараж дуел кој може да значи Прва лига.

„Сите знаеме низ што се поминавме изминатава година. Не сакам ниту да помислам дека сега би можело да следи неуспех за нас. Напротив, носиме огромен мотив и за нас, и за сите наши навивачи да го одржиме Вардар таму каде што му е местото“ – вели искусниот чувар на мрежата на „вардарци“, Филип Гачевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Vardar (@fkvardar)

Вардар, без сомнение, ќе има огромна поддршка и од „Комитите“, иако силна поддршка се најавува и за тимот од Радовиш.

Детонит Плачковица, пак, кој заврши на третата позиција во Втората лига, запиша за себе историја и со самата можност првпат во својата историја да се бори за Првата лига. Јасно е дека желбата на радовишани е силна да се совлада најтрофејниот македонски клуб кој ја носи фаворитската улога.

„Ова е еден меч во кој се е можно. Затоа секако одиме без никакво бело знаме верувајќи во нашите квалитети. Со поддршка и од нашите навивачи секако дека посакуваме Прва лига“ – порачуваат од Радовиш.

Се вчитува...