Со денешниот бараж натпревар меѓу Вардар и Детонит Плачковица околу последното место за пополнување на Првата македонска фудбалска лига во следната сезона, ставена е точка на македонскиот клупски фудбал за сезоната 2023/24.
Вардар со триумфот од 2-0 против радовишани си го обезбеди местото во елитата. Па крајот на македонскиот клупски фудбал за актуелната сезона остана црвено-црн.
„Целта е постигната – крајот е црвено-црн“ – порачаа и од ФК Вардар како заокружување на денешното гостување во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА