Останува ли Шкендија без тренерот Беќири? Ја презема клупата на албански прволигаш!?

 

Шкендија би можела да се раздели со актуелниот шеф на стручниот штаб Јетон Беќири доколку се реализираат најавите од Албанија, за негово преземање на прволигашот Фљамуртари од Валона.

Како што пренесува албанска „Панорамаспорт“, Беќири е еден од кандидатите за нов шеф на стручниот штаб на Фљамуртари и тоа на инсистирање на новиот директор на клубот, поранешниот фудбалер на Шкендија и Вардар, Артим Положани.

Фљамуртари е добро позната средина за 41-годишниот Беќири кој веќе беше заменик тренер на Фљамуртари во сезоната 2017/18, кога прв тренер беше Шпетим Дуро. Беќири, кој е поранешен тренер и на Ренова и Струга ТЛ, извесен период беше тренер и на албанскиот прволигаш Билис Балш.

Јетон Беќири и Шкендија го завршија првенството на второто место во Првата македонска фудбалска лига обезбедувајќи учество во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...