Еден од најдобрите фудбалери во македонското првенство изминатава сезона, Буњамин Шабани од Струга ТЛ е пред можност за преселба во редовите на новиот косовски суперлигаш, ФК Сухарека.
Шабани беше еден од клучните играчи на стружани во одбраната на шампионската титула, поради што силна е желбата на неговиот довчерашен тренер во Струга ТЛ, Шпетим Дуро да го види во новиот свој клуб.
Дуро од пред два дена е именува за нов тренер на ФК Сухарека, а косовските медиуми пренесуваат дека негова прва желба низ летниот преоден рок ќе биде ангажманот на Буњамин Шабани.
Сепак, од Струга ТЛ, според последните информации, не се согласуваат на ослободување на своите најдобри фудбалери пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите за кои и тоа како е неопходен токму фудбалерот од средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА