Силекс во новата сезона ќе остане без играчот од средниот ред, Виктор Серафимовски. Серафимовски од 2022 година е дел од Силекс, а претходно беше и од 2019 до 2021 во овој тим.
Сезонава во ПМФЛ Серафимовски одигра 29 натпревари на кои постигна еден гол, или вкупно играше 2.350 минути само во Првата лига. Серафимовски порано играше во Еуромилк, Ренова, Вардар и Беласица.
Од Силекс заминува и Антонио Каланоски. 30-годишниот искусен голгетер во новата сезона ќе има нов клуб. Тој во минатото беше дел од многу екипи во македонската прва лига меѓу кои Охрид, Металург, Локомотива, Напредок, Еуромилк, Царев Двор, Борец, Струга ТЛ, Победа, Беласица, Шкупи, Гостивар. На почетокот на сезоната 2023/24 по трет пат се врати во тимот од Кратово.
На 31 натпревар во ПМФЛ, Каланоски постигна 9 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА