Ќатип Османи ќе ја води Струга ТЛ во европското лето

Струга ТЛ успеа да стигне до нова шампионска титула во мак-фудбалот, а раководството на клубот сепак се реши за нова тренерска смена откако денеска и официјално беше потпишан договор со Ќатип Османи.

Овој трофеен стратег денеска го стави потписот на договорот со стружани, а заедно со него во овој клуб пристигнува и асистентот Башким Криворека. Пред Османи е сериозен предизвик, да успее да стигне до што подобар резултат во претстојните европски натпреварувања.

Екипата на Струга голем дел од сезонава ја мина под водство на Дуро, за пред крајот да дојде до смена и титулата беше освоена со Меритон Гега на кормилото. Стружани сепак се решија за разделба од Гега на крајот од сезоната, а изборот за нов тренер падна врз Османи, тренер со богато искуство во мак-фудбалот каде ги водеше Шкендија, Шкупи, Ренова.

Последниот ангажман на Ќатип Османи беше како тренер на Влазнија во албанскиот шампионат, од каде овој стручњак доаѓа на чело на Струга ТЛ.

Се вчитува...