Младинскиот тим на АП Брера за фудбалери до 19 години игра извонредно на „Купот на пријателството 2024“ кој се одржува во Златибор, Србија.
Во групната фаза од натпреварите, момците предводени од Ѓорѓе Стојчев, Мартин Алаѓозовски и координаторот Борче Апостолов во групата Ц на турнирот денеска убедливо славеа со 3-1 и против сараевски Железничар.
По вчерашната победа од 2-1 на големиот фаворит белградски Партизан со головите на Спасов во 19. минута и Костов во 42. минута, денеска на колена пред младите струмичани и Железничар.
Со оваа победа АП Брера го освои првото место во групата, и во следната фаза ќе вкрсти со најдобрите две екипи од групата Д каде се екипите на Будуќност од Црна Гора, Сараево од БиХ и Осијек од Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА