Како што се наближува почетокот на европското фудбалско првенство во Германија, поранешната „Мис Хрватска“, Ивана Кнол која го доби епитетот за „најсекси“ фан на Светското првенство во Катар повторно е тема на разговор во светот на фудбалот.
Кнол со провокативното издание стана интернет сензација за време на последниот собир на најдобрите светски репрезентации, а како голем фудбалски фан очекува повторно да плени со својата убавина и да и дава подршка на нејзината Хрватска во Германија.
Говорејќи за германските медиуми Кнол откри дека одново ќе биде на трибините на фудбалските стадиони, но овој пат во поинакво издание бидејќи е слободна откако ја прекинала десетгодишната врска.
„Имав дечко со кој бев 10 години. Раскинавме лани. Сега сум слободна, но не барам момче во моментот. Не знам што ќе носам, но веројатно ќе имам некои спонтани идеи. Или ќе скројам нешто или ќе го задржам изгледот со хрватското знаме како во Катар“, вели Кнол.
Croatia are still in the World Cup – which means so is the former Miss Croatia, Ivana Knoll! 😂🇭🇷 pic.twitter.com/72BleEXoPn
— SPORTbible (@sportbible) December 5, 2022
Ivana bonne fête ❤️🤪💋💣🤩 pic.twitter.com/5O0MsKSxBz
— ivana knoll fan (@gregorysimon3) December 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА