Тиквеш има намера да направи добар тим, со цел добро да се претстви во Европа. Затоа на пат кон Тиквеш се неколку фудбалери кои треба да го засилат кавадаречкиот тим, и освојувач на Купот на Македонија.
Дел од Тиквеш ќе станат левиот бек Михаил Маневски, потоа Ѓорѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило. Двајцата доаѓаат од Брегалница. Во Кавадарци доаѓа и играчот од средниот ред Давид Манасиевски, кој досега настапуваше во Силекс. Во екипата на Тиквеш ќе дојде и младиот голман Стефан Тасев, кој досега бранеше во Вардар Неготино, а во минатото беше дел од Македонија ЃП.
Од екипата на Тиквеш замина Даниел Карчески, а Тиквеш деновиве ќе треба да одлучи што ќе прави со голманот Ариан Ренер и со Алмир Цубара, на кои им истекоа договорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА