АП Брера поразена од Будуќност во четвртфиналето на „Купот на пријателството“

Фудбалерите на македонска АП Брера до 19 години го завршија својот настап на силниот меѓунареден турнир „Куп на пријателството“ во четвртфиналето откако беа поразени од црногорски Будуќност со 1-0.

Откако по групната фаза забележаа две победи совладувајќи Железничар (3-1) и Партизан (2-1), денеска немаа среќа да направат нов успех и да се пласираат меѓу четирите најдобри екипи на овој турнир.

Во мечот кој се играше два пати по 80 минути, клучниот момент се случи во 60. минута кога победа за црногорскиот тим донесе Андреј Костиќ.

 

Се вчитува...