Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската лига на Македонија, Бесарт Ибраими, и следната сезона ќе го носи дресот на шампионот Струга Трим Лум. Раководството на шампионот го продолжи договорот со искусниот напаѓач за уште една година.
Ибраими беше еден од клучните фактори во двете по ред титули за струшниот тим, а ова лето се очекува да биде главен шраф во нападот во квалификациите за Лигата на шампионите.
Од Струга ТЛ засега заминаа голманот Ведран Ќосевски, Ванѓел Згуро и Ментор Мазрекај, како и Меџит Незири и Едис Малиќи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА