Беса почна да се засилува: Захов и Незири први принови

Новиот прволигаш БЕСА од Добридол, почна да ја гради екипата за идната сезона. Први засилувања кои треба да пристигнат во таборот на дебитантот во „елитата“ се голманот Костадин Захов, кој ќе дојде од Воска Спорт, како и стоперот Меџит Незири, кој што си замина од Струга ТЛ.

Сепак, приоритет за БЕСА ќе биде ангажман на напаѓач, со оглед дека Изаир Емини замина во пензија, и ќе мора тренерот Александар Таневски да бара негова алтернатива. Се споменува дека нов член би можел да стане Џемал Ибиши, кој во моментов е дел од Шкупи, а во комбинација исто така е и Христијан Малески, кој како позајмен играше за Тиквеш во изминатата сезона.

Во првата сезона во Првата лига, амбициите на БЕСА ќе бидат најпрво да се обезбеди опстанок во дебито во „елитата“. БЕСА со Пелистер директно влегоа во Првата лига, додека Детонит го загуби бараж дуелот со Вардар.

Се вчитува...