Марио Младеновски го напушти Шкупи

Стоперот Марио Младеновски не е повеќе играч на Шкупи. Високиот дефанзивец ги напушти редовите на „чаирчани“, откако им се приклучи во септември 2022 година од Ботев. Претходно беше дел од Македонија ЃП, дански Фремад и Вардар.

23-годишниот Младеновски во изминатата сезона одигра 14 натпревари во Првата лига за чаирскиот тим, и ова лето ќе има нова средина.

Тој е поранешен младински репрезентативец, а има и два одиграни натпревари за сениорскиот национален тим во 2019 година.

Се вчитува...