Најдобриот стрелец во лигата за изминатава сезона 2023/24, напаѓачот на Воска Спорт, Алекса Марушиќ би можел да го засили шампионот Струга ТЛ за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето.
24-годишниот Црногорец беше еден од најдобрите фудбалери во литата изминатава сезона, па сосема очекувано е желба на стружани за европските настапи.
Според најавите, како опција е позајмица на Марушиќ во Струга ТЛ со оглед на тоа што Воска спорт не сака така лесно да се откаже од неговите услуги.
Од таборот на Воска спорт, пак, најавуваат сериозни засилувања на тимот за новата сезона по успешната својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА