Хрватската секси навивачка направи хаос на ЕВРО: Соба за мене чини 650 евра од вечер! (ФОТО)

Ивана Кнол крена бура на социјалните мрежи поради лошите услови во хотелот кој го плаќа и тоа многу скапо. Атрактивната хрватска навивачка Ивана Кнол (31) родена во Франкфурт и ова лето ќе ја следи фудбалската репрезентација на својата земја. По Светското првенство во Русија во 2018 година, каде што се појави за прв пат, и Мундијалот во Катар во 2022 година, кога го привлече вниманието на целиот свет, Ивана ќе биде на трибините и во Германија, а и пред стартот на турнирот, таа стигна во центарот на вниманието!

Репрезентацијата на Хрватска во првиот натпревар на турнирот игра против Шпанија во Берлин, па тој град е и првата дестинација каде турнирот ќе го следи Ивана Кнол. Но, веќе се појавија огромни проблеми од кои таа воопшто не е задоволна. Иако изнајмила соба во еден од најскапите хотели во градот, атрактивната навивачка не ја добила услугата што ја очекувала!

„Плаќам илјадници евра за овој „најдобар хотел“ во Берлин. Старите соби, греењето не работи, во тек е реновирњање на теретана и базенот. Не би препорачала“, напиша Кол на својот Инстаграм профил, , додавајќи: „Соба само за мене чини 650 евра од ноќ“.

 

Се вчитува...