Во желбата за освежување на тимот за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето, Струга ТЛ се засили и со дефанзивецот Бојан Илиевски.
24-годишниот Илиевски, кој може да игра на централната дефанзивна позиција но и како десен бек, во Струга доаѓа од редовите на Македонија ЃП каде настапуваше од јули 2022 година.
Претходно во досегашната кариера Илиевски, кој потекнува од школата на битолски Пелистер, покрај за својот матичен клуб настапуваше и за Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА