Подготвувајќи се за својот дебитантски настап на европската сцена, кавадаречки Тиквеш договори четири пријателски натпревари.
Кавадарчани контролните средби ќе ги почнат на 16. јуни против Шкендија во Тетово. Потоа се закажани уште тестови и со шампионот Струга ТЛ на 20. јуни во Струга, како и со косовски Балкани во Охрид.
Последниот засега закажан тест дуел е против екипата на Лапи на 27. јуни во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА